“CITY TRAVEL” е една од водечките туристички агенции во Македонија, чија основна дејност е поврзана со авио-сообраќајот, или поточно, со продавањето на авио-билети. За да ги постигнеме нашите основни цели-професионалност, ефикасност, стабилност и просперитет-воведовме систем на организација, кој сметаме дека е најсоодветен за нашата бранша.

Целосно сме посветени на применувањето на политиката за квалитет во секој сегмент од нашето работење. Сите активности ги извршуваме следејќи ги процедурите за оптимален квалитет, со цел да постигнеме крајни резултати што ќе ги надминат очекувањата на нашите корисници, ќе вградат доверба кај нив и ќе им овозможат максимална вредност за парите.

Во согласност со глобалните и локалните цели на компанијата, нашата политика за квалитет ја реализираме преку:

Врвна грижа за корисниците и врвни услуги
Добро ги познаваме нашите корисници и токму затоа умееме да одговориме на нивните барања и да ги надминеме нивните очекувања;

Тим составен од талентирани и мотивирани работници
Со цел да ги мотивираме своите вработени и да создадеме тимски дух меѓу нив, овозможуваме постојана обука, проширување на работните задачи и зголемување на надлежностите;

Модерни системи и технологија
Применуваме модерни системи и најнова технологија, со што на нашите корисници им го нудиме најдобриот можен квалитет;

Водечка позиција на пазарот
Иновацијата, флексибилноста и кредибилитетот ја гарантираат нашата водечката позиција на пазарот. Нашето пионерско место во рамките на глобалната туристичка индустрија го одржуваме со постојан, инвентивен и консолидиран развој;

Квалитет во сите наши услуги
Дефинирајќи ги стандардите за услугите што ги нудиме и постојано обидувајќи се да ја зголемиме нашата вредност и продуктивност, обезбедуваме севкупен квалитет кај сите активности. Повратните информации кои ги добиваме од корисниците ги употребуваме за постојано подобрување на нашата работа и поефикасно исполнување на нивните очекувања.

Грижа за животната средина
Зачувувањето на околината и континуираниот развој е нашата трајна определба.

Токму затоа, за да ја следи политиката за квалитет и да ги оствари наведените основни цели, раководството на City Travel одлучи да воведе систем за управување со квалитет, заснован врз стандардот ISO 9001:2000. Системот е во согласност со организациската структура на компанијата, услугите, процедурите и начинот на работење.

ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ ВО CITY TRAVEL, ВАШ ПРИЈАТЕЛ КАДЕ И ДА ПАТУВАТЕ!

 

 
 
Почнувајќи од 29, Октомври 2012, директни летови од Скопје до Дубаи. Fly Dubai ќе оперираат два пати неделно од Скопје за Дубаи.
Wizz Air воведува нови дестинации од Скопје. За повеќе информации, Ве молиме да ја контактирате нашата агенција.
Од 24.12.2004 City Travel се здоби со сертификат ISO 9001:2000 со што стана првата туристичка агенција со овој сертификат во југоисточна Европа. Сертификатот е издаден од стана на Американската Агенција за Контрола на Квалитет AQA.
Одбележи ја оваа страна